Арбен Таравари почесто ги менува преговарачките тимови отколку чорапите
Арбен Таравари почесто ги менува преговарачките тимови отколку чорапите

Нови тактики и немање конзистеност во работните групи на ВРЕДИ за идната соработката. По трет пат, Таравари ги менува луѓето од работната група, првично Халил Снопче, Арбен Фетаи и Блеранд Рамадани, во втората средба Гадаф Узаири и Блеранд Рамадани, додека на последната средба потпретседателот Гезим Кадриу. Претставниците на партиите и покрај тоа што се договорија за бројот на општините, синоќа претставниците на Таравари го отвориле и прашањето за општина Сарај а кога договор не бил постигнат го напуштиле состанокот. Последната порака од Травари е дека коалицијата сега треба да ја чека седницата на централното раководство на неговата партијата на која наводно ќе се донело одлуката.. Според информациите кои ги има АЛСАТ, на групата на Таравари и се доделени општините Гостивар, Врапчиште, Боговиње, Липково, а неодамна и Долнени. Сарај не беше на оваа листа. Пред утрешниот состанок на претседателството на Таравари и одговорот дали ќе продолжи соработката со Влен, Таравари денеска ја дисквалификуваше ДУИ, но не ја исклучи можноста да настапи самостојно.
„Имаме две опции, едната опција е заедно со ВРЕДИ да одиме на локалните избори, или втората опција е АА да оди сама на изборите. Мислиме да излеземе сами во некои општини, со помош на некои партии, коалициски партнери, можеме да направиме добар резултат, и да одиме во вториот круг, но и да победиме. Но, тука сакам да го слушнам Централното претседателство, претседателите на ограноците, и врз основа на тоа, конечно да одлучам како ќе одиме на локалните избори “, рече Арбен Таравари, Алијанса за Албанците.
Внатрешниот судир се случува откако Таравари соопшти дека имал 40-минутен разговор со лидерот на ДУИ, Али Ахмети, од каде што добил понуда за соработка. Потоа ја отстрани од својот речник соработката со ДУИ, но сепак неговите тонови не кореспондираа со оние на лидерот на Движењето Беса. Како што претходно објави АЛСАТ, партиите меѓусебно се обвинуваат кој ја напуштил мисијата за која се собраа пред 1 година, односно за испраќање на ДУИ во опозиција. До утре важи ставот на поранешниот министер за дигитализација Азир Алиу…
… ќе шириме лажни вести, што значи, Алијансата за Албанците за да биде победник, мора да оди сама. На крајот, папката ќе ја преименуваме и ќе се вика ДУИ.