
Аргентина ја извести Русија дека не планира да се приклучи на БРИКС, изјави заменик-шефот на руското Министерство за надворешни работи Сергеј Рјабков.
„Новата влада на оваа земја официјално нѐ информираше нас и другите членки на БРИКС дека нема намера да ја искористи поканата формулирана од лидерите во Јоханесбург“, рече Рјабков на прес-конференцијата.
Тој додаде дека БРИКС „не ја драматизира“ оваа ситуација. Поканата за Аргентина не е повлечена и останува на сила.