ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Mаричиќ на состанок со Маленица: Помошта што ни ја дава Хрватска на евроинтегративниот пат е драгоцена

Хрватските искуства во водењето на преговорите за членство во ЕУ за нас се многу корисни, а помошта е драгоцена, рече министерот за правда Бојан Маричиќ на денешниот работен состанок со својот хрватски колега Иван Маленица во Загреб.

Advertisements

Двајцата министри разговараа за дополнително продлабочување на соработката на двете земји во однос на владеењето на правото.

-Хрватски експерти веќе работат на повеќе проекти кај нас кои имаат за цел зацврстување на владеењето на правото и реформите во правосудството. Помошта што ни ја дава Хрватска пред сè во евроинтегративниот пат за нас е многу драгоцена. Поддршката од официјален Загреб е континуирана без разлика кој е на власт, што е одлука на вистински пријатели. Тоа што треба да го направиме во иднина е дополнително да ја продлабочиме соработката во однос на владеењето на правото, истакна Маричиќ.

Тој го покани својот хрватски колега во возвратна посета на Северна Македонија.

Маричиќ во дводневната посета на Хрватска имаше состаноци со Академијата за обука на судии и обвинители, го посети УСКОК, а имаше и повеќе состаноци во хрватското Министерството за надворешни работи.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button