ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

„Арифи за амбасадорка во ЕУ“, албанската опозиција: Срамен и скандалозен предлог

Предлогот на Теута Арифи за амбасадор во Брисел и актуелниот директор на АНБ, Виктор Димовски за амбасадор во Франција, според опозицијата, го потврдува фактот дека Владата наградува лица кои не успеале да раководат со институциите во кои се именувани. Претседателот на Алијанса за Албанците, Зијадин Села, вели дека предлогот за Арифи е скандал поради многубројните злоупотреби, меѓу кои и платите на стотици луѓе ангажирани во општината кои не работеле ништо.

Advertisements

„Госпоѓа Теута Арифи со она што го видовме во јавноста склучила 800 договори на луѓе кои останале дома и на кои им било платено, или не им било платено и тие пари завршиле на друго место. Уште поскандалозно, директорот на националната безбедност одговорен за ограничување на слободите и човековите права да биде награден со амбасадорско место“, рече Села.

Генералниот секретар на Беса, Аријанит Хоџа, вели дека Арифи, која како иден амбасадор ја напуштила општина Тетово со долг од 24 милиони евра, не претставува вредност ниту за ДУИ, ниту за државата што ќе ја застапува.

„Ако не се срамиш, прави што сакаш. Да предлагаш градоначалничка која го остави Тетово во толку долгови, во таква мизерна ситуација пред граѓаните, што не понуди никаква политичка вредност во претставувањето на Албанците, мислам дека не им прави чест ниту на ДУИ ниту на државата“, рече Хоџа.

Запрашан врз каква заслуга се предлага Теута Арифи која го загуби упориштето на ДУИ, Тетово и поради кои причини се заснова предлогот на Виктор Димовски кој го напушта АНБ оставајќи на разгледување околу 2.500 барања за државјанство, лидерот на ДУИ, Али Ахмети, застана во одбрана на Арифи и го оправда Димовски.

„Сега ова е прашање што не можам да ви потврдам дека господинот Димовски Албанците ги оставил без државјанство бидејќи и ова прашање е етнички и политизирано. Г-ѓа Арифи беше вицепремиер за евроинтеграции. Како процес го знае овој процес“, рече Ахмети.

Покрај Арифи во Брисел и Димовски во Париз, Владата ги предложи Дритон Кучи за амбасадор во Норвешка и Зоран Попов за амбасадор во САД.

Адриан Керими

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button