СПОРТФУДБАЛ

Аријан Адеми со чуден договор со Динамо Загреб

Аријан Адеми се врати во Загреб, по шест месеци минати во Пекинг, иако за повратниот трансфер потребни беа долги преговори, за на крај Динамо и Гуан да се спогодат за отштета од 300.000 евра. Меѓутоа, како што течат натпреварите се забележува дека македонскиот репрезентативец нема иста улога како порано во Динамо и замо влегува од клупата, како резервист. Откако се врати на „Максимир“, одигра само 7 минути против Славен Белупо, 28 против Рудеш и 27 со Пониква во Купот на Хрватска. Во Конференциската лига не игра воопшто, бидејќи Динамо задоцни со регистрирањето и таму би играл единствено во нок-аут фазата, напролет.

Advertisements

Причината за оваа потпросечна минутажа за капитенот на Динамо биле дополнителните клаузули со Пекинг Гуан, кои налагаат Динамо да исплати бонуси врз основа на настапите на Адеми.

Една од тие клаузули велела дека ако Адеми одигра повеќе од 35 минути на повеќе од осум меча до крајот на 2023 година, тогаш Динамо треба да му исплати на Гуан уште 500.000 евра. Затоа тренерот Сергеј Јакировиќ го дозира и го пушта само во второто полувреме. За среќа на Динамо, во овие споменати натпревари не ни постоеше потреба од Адеми, но следуваат дерби дуели со Хајдук, Риека и со Осиек, во кои тој ќе биде неопходен.

Дополнително, ако Адеми одигра повеќе од 35 минути на повеќе од 15 меча до крајот на сезоната 2023/24, Динамо ќе треба да му исплати на Гуан уште 700.000 евра, што би ја довел комплетната максимална можна цена до 1.5 милиони евра.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button