СПОРТ
Арина Сабаленка и Онс Жабер, нема да настапат на Олимписки Игри

Арина Сабаленка го откажа својот настап на Летните Олимписки Игри во Париз.
Белоурисинката ја објави оваа информација, велејќи дека се одлучила за ваков потег, поради згуснатиот распоред кој ќе го има сезонава, а во прв план ги става настапите на Вимблдон и УС Опен.
На Олимписки Игри во Париз, нема да игра и двократната финалистка на Вимблдон, Онс Жабер, на која главна цел летово ќе и биде конечно да стигне до титулата во „Ол Ингланд“ клубот.