ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Армискиот полигон Криволак од 26 мај до 9 јуни домаќин на војските на седум НАТО држави и две партнерски

Унапредување на регионалната безбедност, зајакнување на подготвеноста на НАТО како и поддршка на одбранбените планови на Алијансата е целта на мултинационалната вежба „Immediate Response 25“ која од 26 мај до 9 јуни ќе се одржи на армискиот полигонот Криволак.

Advertisements

Како што информираше денеска началникот на генералштабот, генерал-мајор Сашко Лафчиски оваа вежба е една од најголемите досега во државава во која ќе учествуваат околу 2200 војници од седум НАТО земји и две партнерски.

-Вежбата меѓу другото има цел да ја подобри интероперабилноста меѓу сојузничите и партнерските сили како и заедничко дејствување во сложени услови и брза реакција на силите во источниот дел на Европа, истакна Лафчиски.

Ко-директорот на вежбата потполковник Ристо Стоев појасни дека сценариото на вежбата, која е дел од серијалот на вежби „Defender 25“  е демонстрирање на безбедносните способности и зајакнување на сајбер-одбраната преку реализација на мултинационални боеви гаѓања, сајбер вежба, премин преку река и АБХО вежби. Нагласи дека вежбата ќе ги потврди капацитетите и умешноста за организирање и координација на големи вежби заедно со другите армии на НАТО.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button