
Англискиот премиерлигаш Арсенал загуби уште еден играч, а тоа е јапонскиот дефанзивец Такехиро Томијасу , кој објави дека бил опериран на десното колено.
Томијасу не кажа кога очекува повторно да игра, иако британските медиуми објавија дека тој најверојатно ќе биде надвор од теренот до крајот на сезоната.
Јапонецот е третиот играч на Арсенал кој има операција во последниот месец по Каи Хаверц и Габриел Жесус.
„Имав операција на коленото пред неколку дена и веќе почнав со рехабилитација за да се вратам побрзо на она кое најмногу го сакам“, напиша Томијасу (26) на Инстаграм.