СПОРТФУДБАЛ

Арсенал се договори со Вест Xем за доведување на Деклан Рајс

Арсенал го потврдија трансферот на напаѓачот на Челси, Каи Хаверц и во исто време постигнаа договор со Вест хем јунајтед, за трансферот на капитенот на „чеканите“ Деклан Рајс, во мега-трансфер вреден неверојатни 105 милиони фунти, тврдат повеќе англиски медиуми.

Advertisements

Според aнгличаните, по повлекувањето на Манчестер Cити од трката за англискиот репрезентативец, се склучил договор кој ќе ги чини „Tопчиите“ фантастични 105 милиони фунти и сега се преговара за реализацијата и структурата на договорот. Вест Xем инсистираат да ги добијат сите пари во рок од 18 месеци, со предвидена исплата на рати.

Рајс подолго време ги има договорено личните услови со тимот на Микел Артета, а откако Манчестер Cити до денеска беа во трка за Рајс, се повлекоа откако откако нивната понуда од 90 милиони фунти беше одбиена.

Со големото трошење на Арсенал, кое го предвидува и пристигнувањето на Јуриен Тимбер од Ајакс, амбициите следната сезона ќе бидат огромни за лондонскиот клуб, кој изминатата година беше најсериозниот предизвикувач на Манчестер Cити за титулата во Премиерлигата

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button