ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Арсовска: Ако постои долг, зошто не се решава по институционален пат

Го поддржувам правото на протест, но граѓаните не се должни да го трпат ова што се случува, вели во своето вечерашно гостување во емисијата „360 Степени“ на Алсат градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, говорејќи на темата во врска со блокадите од страна на приватните превозници. Како што вели таа, ако некое правно лице смета дека има некаков долг, правдата може да си ја бара преку институционален пат.

Advertisements

„ЈСП има договор само со едно правно лице и на тоа правно лице му се исплаќа континуирано. Кога и како тоа правно лице ги исплаќало лицата на коишто им се должи, не знаеме. До 8.11, додека не почнаа сите закани и уцени редовно беше плаќано од страна на ЈСП до тоа правно лице, Слобода Превоз. Ние ги повикавме…доколку имале долг зошто тоа не се среди по институционален пат“, вели Арсовска.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button