Арсовска до Мицкоски: Уште утре да седнеме на заедничка маса, одреди го датумот, местото и темите

Раководството на Град Скопје е подготвено уште утре да седне на заедничка маса со претседателот на Владата, му порача градоначалничката на главниот град Данела Арсовска на премиерот Христијан Мицкоски и го повика да го одреди датумот, местото, темите за разговор и форматот на состанокот.
„Теми кои градот Скопје ќе ги предложи, а за кои сметаме дека треба да се изнајде решение е надминување на активната блокада во Советот од страна на советниците од владејачкото мнозинство, блокадата на претпријатијата од страна на Управните одбори и изгласувањето на програмите за работа на Јавните претпријатија. Воедно очекуваме и потврда за предлогот за формирање на заедничко работно тело помеѓу Владата и градот Скопје. Се надеваме на искрен и партнерски пристап од страна на Владата, во корист на граѓаните на градот Скопје“, напиша Арсовска на својот Фејсбук профил.