ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Арсовска до Славески: Имаш моја поддршка да се стави точката на приватните превозници на дневен ред

Градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска преку соопштение му одговори на претседавачот на Советот Трајко Славески и даде поддршка да ја стави точката за приватните превозници на дневен ред на седница.

Advertisements

Како што стои во соопштението од Арсовска, бидејќи Трајко Славески никогаш не успеал да собере храброст самиот да донесе одлука, се вели, а овој пат бара поддршка од мене – ја има.

– Го охрабрувам Трајко Славески, како што и веќе на писмено му одговорив во текот на седницата на Советот со доставување на мислењето од моја страна кое го бараше, да ја стави точката на приватните превозници на дневен ред и заедно со останатите советници да ја разгледаат и да донесат одлука дали ќе ја поддржат и ќе прифатат зголемена цена за превоз на приватните превозници или не. Биди храбар Трајко! се вели во соопштението.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button