ЕКОНОМИЈАМАКЕДОНИЈА
Арсовска: Финансиската полиција може да го провери договорот за снабдување со дизел за ЈСП

Градоначалничката Данела Арсовска нема против ако тендерот за набавка на дизел гориво за потребите на ЈСП биде ставен под лупата на Финансиската полиција. Запрашана за забелешките на јавноста околу двегодишниот договор за набавка на дизел помеѓу ЈСП и една компанија, Арсовска вели:
„Апсолутно, не. И треба сѐ да проверат. Зарем мислите дека јас, како поединец и како некој којшто го води овој град, дека ќе излезам да се борам против сите овие политички опоненти доколку сметам дека имам нешто да кријам. Или доколку правам нешто коешто не е соодветно?“, вели Арсовска.