ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Арсовска: Ќе се обезбеди бесплатен превоз

Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, на средба со новинарите рече дека проектите што ги остави на половина пат Петре Шилегов, ќе продолжи да ги реализира, но само оние кои биле заеднички со нејзината програма, како што е проектот за булеварот „Словенија“. Што се однесува до јавниот превоз, Арсовска и понатаму е резервирана, бидејќи, како што вели, прво треба да добие информации од ЈСП за финансиската состојба, и според неа претпријатието само за набавки должи околу половина милијарда денари, за потоа да го разгледа целиот систем на јавниот превоз. Според неа, проектот за брз транспорт нема да се реализира, бидејќи граѓаните гласале за програма каде таков проект не е вклучен. За раскинување на договорот за украсување на Градот, Арсовска рече дека скопјани нема да имаат тажни празници, но дека украсувањето што ќе се направи ќе чини многу помалку. Што се однесува до бродовите на реката Вардар, актуелната градоначалничка на Скопје рече дека е за уривање само на оние објекти кои се дивоградби. Прашана за решавање на сообраќајното прашање на булеварот Цветан Димов, Арсовска рече дека наскоро ќе се сретне со градоначалникот на Чаир, Висар Ганиу, за да разговараат за посоодветно решение.

Advertisements
Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button