Арсовска не размислува за втор мандат

Актуелната градоначалничка на Скопје, Данела Арсовска, не размислува да се кандидира и по вторпат да ја бара довербата од скопјани за да остане на чело на главниот град.
Арсовска денеска во изјава за медиумите рече дека повеќе не сака да работи со луѓе за кои рече знаат само да саботираат и да блокираат.
Според Арсовска, она што се случува во градот Скопје и во Македонија е „едно крајно поларизирана атмосфера од политичките елити кои во овој момент дејствуваат во рамки на државата“.
Арсовска вели дека тие политички елити не заслужуваат луѓе што се обидуваат да придонесат за она што треба и може да биде подобро за Македонија да дејствуваат кај нас.
„Би сакал да им посакам барем еднаш да докажат и да покажат прво пред граѓаните дека она што го говорат ќе можат да го реализираат за да на следните избори имаат поддршка од нив во рамки на она што досега сме го виделе, а не верувам дека некој ќе мисли дека е тоа така. Јас кога се кандидирав како градоначалник ја имав поддршката од страна на ВМРО-ДПМНЕ која за жал не успеа да се надмине себе си, односно неговото раководство. Суетите се преголеми за да дозволите некому да работи без да му кажувате што и како да прави“, рече Арсовска