ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Арсовска нема да ги менува членовите на Комисијата за изградба на филтер-станицата

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, се покаја и нема да ги менува членовите на Комисијата за изградба на филтер-станицата во Скопје, проект кој чини 136 милиони евра, пишува Алсат.

Прашана дали избрала нов член кој ќе го претставува градот во оваа комисија, Арсовска сега вели дека не е потребно бидејќи сите процедури биле веќе завршени. Но и покрај тоа, Арсовска не престанува со обвинувањата против поранешниот директор на „Водовод“ и против ВМРО-ДПМНЕ.

Но, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, изјави дека Европската инвестициска банка најдобро докажала дека работата на тендерот за филтер-станицата течела без никакви проблеми.

Проектот на станицата за филтрирање на отпадните води во реката Вардар ги скара Арсовска и ВМРО-ДПМНЕ. Таа го обвини поранешниот директор на Водовод и канализација дека не се согласил да ги смени двајцата претставници на Град Скопје во Комисијата за еволуација која ја подготвува тендерската постапка. Поранешниот директор Златко Перински изјави дека не можел да го направи тоа, бидејќи така препорачала Европската инвестициска банка. Од банката пак, во одговорот на прашањата од Алсат нагласија дека во првата фаза од проектот биле испочитувани сите преземени услови и обврски, а Комисијата за евалуација посветено ги исполнила сите обврски. Изградбата на Пречистителната станица се очекува да биде изградена на простор од 13 илјади хектари и да ги чисти водите кои се влеваат во Вардар до високи 90%.

Мефаил Исмаили

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button