ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Арсовска: Од ЕСМ ме информираа дека навреме ќе ги завршат обврските со топловодната мрежа за грејната сезона

Поставувањето на топловодната мрежа кај мостот „Беласица“ е надлежност на ЕСМ, како и санацијата од горењето на изолацијата од претходната топловодна мрежа што била таму поставена. Од ЕСМ ме информираа дека навреме ќе ги завршат своите обврски за да се почне навреме со грејната сезона, истакна градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска.

Advertisements

-Предуслов за да можат да се постават тие топловодни цевки е истото место каде што треба да се постават да биде санирано. Невозможно е да има безбедно поставување доколку тоа  што било поставено не е санирано. Тоа е, повторувам уште еднаш, само козметичка корекција којашто мора да се направи, не влијае ниту на безбедноста, ниту на сигурноста на инсталацијата којашто ја имаме таму, ниту на самиот мост, изјави градоначалничката Арсовска.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button