ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Арсовска: „Од мостот кај Ќерамидница може само риби да се фаќаат“

На крајот на август, премиерот Зоран Заев, заедно со тогашниот градоначалник на Град Скопје, Петре Шилегов, го промовираа почетокот на работите за изградба на мост, кој би го носел името на улицата Љубљанска. Прашавме во Град Скопје дали проектот ќе продолжи или не? Oбласта е оградена, но нема работници.

Advertisements

Градоначалничката, Данела Арсовска, одговори дека претходниот градоначалник се појавил на оваа локација само за да се фотографира, но оти не била поведена постапка за решавање на десетици правно-имотни спорови.

„Таму има имотно правни спорови, кои не се решени. Има 70 парцели за кои мора да се најде решение. Не е проблем мостот, мостот во Вардар ќе се постави. Од двете страни каде што треба да се направат приклучоците не е завршена, ниту пак, процедурата е започната. Постои само проценка за цената доколку на тие имоти се врши експропријација. Пред да ги погледнеме овие имотни прашања, има згради, дури и нови згради. Кој е тој што рекол дека ќе оди таму да го направи овој проект, тоа не е во ред. Ниту беше јасно, ниту транспарентно, ниту пак посочија што планираат. Ќе има финансиски импликации за оној што предвидел, но не ги решил овие прашања“, рече Арсовска.

На 28 август на поставувањето на камен-темелникот на мостот присуствуваа градоначалници, пратеници, директори на јавни институции и лично премиерот Заев. Тој дури и тврдеше дека мостот ќе биде готов за година и пол. За реализација на овој проект, како што тогаш се тврдеше, биле обезбедени 6 милиони евра од компанијата ТАВ.

Но, ова нема да биде единствениот проект што го започна претходниот градоначалник, а чија реализација останува да виси. Слични проблеми има и со мостот кај населбата „Ќерамидница“, каде според Арсовска има 11 имотни спорови и 25 предмети во подготовка. Според неа, проектот за мостот е погрешно реализиран, иронизирајќи дека тој мост може да се користи само за од него да се фаќаат риби. Со бројни имотни проблеми Арсовска го оправда и запирањето на тендерот за проширување на булеварот „Никола Карев“.

Еви Шкопи

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button