ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Арсовска одбива средба со превозниците и избегнува да го исплати долгот

Арсовска одбива средба со превозниците и избегнува да го исплати долгот

Градот Скопје, категорично одбива да се сретне со приватните превозници за да ги соочат фактите, и да се најде начин да се реши проблемот со долгот кој изнесува над 1,5 милиони евра. Во моментот кога на барање на премиерот превозниците ги повлекоа автобусите за да овозможат средба, градоначалничката на Град Скопје изјави дека не гледа причина да разговара со нив. Денеска дури отвори  оглас за уште три линии, 9-ти, 11-ти и 12-ти, а крајниот рок за да се пријават  заинтересираните превозници е 17 јануари. Следува оглас за линиите 20 и 22 кој ќе трае до 10 јануари. Но, од Градот до сега не даваат никакви информации колку пријави има во моментов. Во објавените огласи се нагласува дека на Градот му се потребни 48 автобуси и 103 возачи.

Advertisements

Премиерот Ковачевски велат дека следната недела ќе ги соберат сите информации  и ќе ги поканат сите три страни на состанок.

Приватните превозници велат дека не треба да се дозволи неодговорно однесување на властите на Град Скопје.

Советот на Град Скопје на седницата одржана пред неколку дена ги задолжи градоначалничката Данела Арсовска и Претпријатието за јавен превоз Скопје, да достават информација за актуелната состојба со јавниот превоз, состојбата во ЈСП  како и начинот на организирање и реализација на јавниот превоз во главниот град./Alsat.mk

Мефаил Исмаили

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button