ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Арсовска ветуваше „мегапарк“ во Чаир, до каде е реализацијата?

Кандидатите за градоначалници, ветија големи проекти на локалните избори и дадоа амбициозни ветувања за проектите што планираат да ги реализираат. Вакви ветувања даде и градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска за општините во Скопје, вклучително и општина Чаир.

Advertisements

За мегапаркот, скопската градоначалничка рече дека побарала од општина Чаир да предложи соодветна локација за мегапаркот

Градоначалникот на Чаир, Висар Ганиу вели дека површината, чии координати се испратени до градоначалничката на Скопје, се наоѓа во Топанско Поле.

„Тоа е навистина голем простор, приближно 11 илјади м2 се државни, мал дел е приватен и мислиме дека тоа ќе биде првиот капитален инвестициски проект што Град Скопје сака да го прави во општина Чаир“, рече Ганиу.

Мегапаркот за кој зборуваше градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, планирано е да се реализира на оваа површина од 11 илјади квадратни метри. Сепак, дилема е дали оваа површина од 11 илјади квадратни метри, може да се нарече мегапарк.

На споменатата парцела веќе има парк, но истиот не се одржува.

Жителите се задоволни од веста за овој проект, но велат дека по неговото реализирање и институциите и жителите треба да се грижат за неговото одржување.

„ Не знам, песимист сум, но да се надеваме дека ќе се реализира. Но и ние сме виновни, бидејќи паркот бил уреден и не сме го одржувале. Тој сам не се оштетува од природата, луѓето му наштетуваат“, вели еден жител.

Со реализацијата на ова ветување, Топанско поле, би доил поубав парк, но далеку од параметрите на градскиот парк, бидејќи само влезот во градскиот парк е 16 илјади квадратни метри.

Еви Шкопи

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button