ВЕСТИМАКЕДОНИЈА
Арсовски: Барањето за фуснота на македонскиот јазик неприфатливо за владата

Бугарија може да бара означување на македонскиот јазик со фуснота, но таквото барање за македонската влада е неприфатливо, рече денеска владиниот портпарол, Душко Арсовски.
Како што кажа тој, македонскиот јазик е признаен на ниво на ЕУ и се користи при преводи и публикации на настани.
„Тие имаат право на своја позиција и Советот на ЕУ може да го земе предвид, но не може да биде став на ЕУ. Македонскиот јазик е веќе потврден во документите на ЕУ и тоа е неприкосновено право на Република С. Македонија“, рече Арсовски.