МАКЕДОНИЈА

Артан Груби доби отказ и повеќе не е професор по новинарство

Државниот универзитет во Тетово му даде отказ на поранешниот прв вицепремиер и универзитетски професор Артан Груби. Деканот на Правниот факултет во Тетово, за Алсат изјави дека Груби добил отказ поради тоа што не се појавил на работа и не комуницирал со челниците на Тетовскиот универзитет.

Advertisements

„На 24 декември, откако вработениот во Тетовскиот универзитет, на Правниот факултет, отсек Новинарство, повеќе денови не се појави на работа, не ги извршуваше своите обврски кон своето работно место и не комуницираше со раководните органи на Тетовскиот универзитет поради отсуство и неизвршување на работите, беше отпуштен од работа. Решението е потпишано од ректорот на Универзитетот во Тетово, и е испратено до вработениот преку службена е-пошта“, информира деканот на Правниот факултет, Сафет Емрули.

Артан Груби кој повеќе од три недели е недостапен за органите за спроведување на законот, на Универзитетот во Тетово како асистент беше ангажиран од 2012 година. Груби се бара со меѓународна потерница, како и Перпарим Бајрами, поранешен директор на Државната лотарија. Двајцата се осомничени за оштетување на државниот буџет во износ од над 8,2 милиони евра. Груби претходно заврши на американската црна листа за корупција и мешање во судските постапки за спасување на Сашо Мијалков.

Башким Сулејмани

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button