ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Артан Груби се повлекува од јавниот живот, вели дека е „чист како солза“

За да не бидам ничив политички товар решив да се повлечам од јавниот живот – објави поранешниот вицепремиер и член на Демократската унија за интеграција (ДУИ), Артан Груби на својот профил на Фејсбук.

Advertisements

Во објавата Груби додоава дека за својата одлука веќе го информирал и лидерот на ДУИ, Али Ахмети.

Груби наведува дека е „чист како солза“ и оти одлуката ја донел за мир на неговото семејство и зачувување на личниот интегритет.

„Ова е тешка одлука, но неопходна за мир на моето семејство и зачувување на мојот личен и политички интегритет, како и за поддршка на континуитетот на работата и посветеноста на нашиот лидер Али Ахмети“, пишува Груби.

Поранешниот вицепремиер, кој од пред неколку дена се најде на „црната листа“ на САД, во објавата пишува дека целиот свој јавен живот бескомпромисно бил посветен на еднаквоста на Албанците во Северна Македонија, за мир во регионот, за целосна интеграција во НАТО, за членство во ЕУ, како и за стратешко партнерство со САД.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button