СПОРТФОРМУЛА - 1

Астон Мартин, не ги менува возачите

Тимот на Астон Мартин нема да ги смени возачите следната сезона. Вака, Ленс Строл и Себастијан Фетел, ќе го возат болидот „Астон Мартин“ следната сезона во Формула 1. Германскиот возач ги реши сите дилеми и клаузули во својот договор, и даде позитивен сигнал дека ќе го вози болидот „Астон Мартин“. „Ќе бидеме со нов автомобил во новата сезона, каде што ќе има многу технички правила. Верувам дека ќе влијае на квалитетна трка, како за возачите, така и за јавноста“, рече меѓу другото Себастијан Фетел, . Германскиот возач претходно го возеше болидот Ферари, додека најголемиот успех го имаше со тимот на „Ред Бул“, каде собра 4 шампионски титули.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button