ВЕСТИСВЕТ

Атентат врз екс јапонскиот премиер, Шинзо Абе, состојбата мошне критична

Поранешниот јапонски премиер Шинзо Абе е застрелан додека држел говор на изборен митинг, се наоѓа во критична здравствена состојба.

За време на говорот кој го држел на предизборен митинг во регионот Нара, врз поранешниот јапонски премиер Шинзо Абе било стрелано од зад грб. اربح المال من الالعاب Новинската агенција Џији, повикувајќи се на кругови од либералнодемократската партија ЛДП на Абе, јавува дека по истрелите тој паднал и обилно крварел од вратот. مواقع ربح المال 67-годишниот политичар бил итно пренесен во болница, но не покажувал витални функции, пренесува Дојче Веле.

Advertisements

Новинската агенција Кјодо цитира една жена очевидец: „Тој држеше говор и еден човек дојде од зад него и испука најмалку два куршуми. По вториот куршум, обезбедувањето го опкружи Абе и презеде мерки за реанимација“.

Портпарол на јапонската влада соопшти дека е уапсен осомничениот напаѓач, ТВ НХК јави дека кај него било пронајдено огнено оружје.

Абе поднесе оставка од премиерската функција во 2020. كازينو البحرين година, но и натаму претставува важна фигура во владејачката Либерално демократска партија. На чело на јапонската влада беше од 2006. до 2007. и потоа од 2012. до 2020. година, со што е јапонски премиер со најдолг стаж.

Под негово водство, Јапонија сврте забележително кон десно, а Абе се смета за еден од најрешителните поборници на ревизија на  пацифистичкиот повоен устав,  според кој Јапонија за сите времиња се откажува од војна како суверено право на нацијата и од закана или вршење насилство како средство за решавање на меѓународните спорови.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button