СПОРТ

АТП-листа, Карлос Алкараз ја намали предноста на Јаник Синер

Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз минатата недела го освои Mастерсот во Монте Карло за првпат во кариерата, откако го совлада Лоренцо Музети и така освои нови бодови со кои се искачи на второто место на АТП-листата.

Advertisements

Алкараз во моментов има 7.720 бодови и успеа да ја намали предноста на италијанскиот тенисер Јаник Синер, кој останува на врвот со 9.930 поени.

На третата позиција се наоѓа Александер Зверев со 7.595 бода, додека во Tоп-5 се уште и Тејлор Фриц со 5.280 и Новак Ѓоковиќ со 4.120 бодови.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button