СПОРТ

АТП листата: Јаник Синер пред Алкараз и Ѓоковиќ

Италијанецот Јаник Синер останува на чело на АТП листата, втора седмица во неговата кариера. Иако изминатите седум дена остана без 45 бода и моментално има 9.480, тој сè уште има сигурна предност во однос на Карлос Алкараз, кој е на втората позиција со 8.580. Промена нема ниту на третата позиција, на која се наоѓа најдобриот српски тенисер на сите времиња Новак Ѓоковиќ со 8.360 бодови.

Германецот Александар Зверев е четврти на најновата листа на најдобри светски играчи оваа недела, а зад него се двајца Руси – Данил Медведве на петтата и Андреј Рубљев на шестата позиција.

Австралиецот Алекс де Минор скокна две позиции и сега е седми играч на планетата, а зад него се Норвежанецот Каспер Руд и Полјакот Хуберт Хуркач, кои паднаа за по една позиција, додека бугарскиот претставник Григор Димитров ги комплетира најдобрите десет.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button