Аудио-снимка од Вилма Русковска циркулира на социјалните мрежи
Аудио-снимка од Вилма Русковска циркулира на социјалните мрежи

На тонскиот запис се слушаат неколку гласови кои се мутирани и тие разговараат наводно со обвинителката Русковска. На почетокот од разговорот кој трае 1,19 минути се зборува за рејтингот на судството. Се коментира дека тој на СЈО се зголемил поради случајот Империја.
Непознатото лице прашува како е можно и по шест месеци да не се знае што е суштината на делото во случајот Империја. Во продолжение ви пренесуваме транскрипт од разговорот:
– Непознато лице: Ти си обвинителка, дали е можно 6 месеци да не знаеме што е предметот? Никој не знае.
– Обвинителка: Не. Може.
– Непознато лице: Како може?
– Обвинителка: Може. Го држев два месеци и го заборавив. Го заборавив, буквално. Не. Го заборавив, намерно. Владимир Атанасовски, го ставив во притвор и го заборавив два месеци.
– Непознато лице: Тоа е шефот на УБК.
– Русковска: Го ставив во притвор и го заборавив.
Сниката е објавена на Твитер налогот „Правда за сите во Македонија“. Инаку, екс- директорот на УБК, Владимир Атанасовски, беше осуден за случаувањата на 27 април. Претходно, притворот му беше неколкупати продолжуван.