Авганистанците во обид да се евакуираат пред 31 август

Илјадници авганистанци се надеваат ќе бидат евакуирани од Кабул. Ситуацијата на аеродромот е тензична, додека граѓаните очекуваат да им биде дозволен транзит. На нив војниците им ги проверуваат документите дали можат да ја напуштат државата. Ова следи откако лидерите на Г-7 одлучија да се повлечат до крајниот рок – 31 август, рок кој го поставија и Талибанците.
Евакуацијата продолжи со неколку авиони, кои полетаа од аеродромот во Кабул. Авионите со Авганистанци кои ја напуштија земјата пристигнаа во Белгија, Германија и во Шпанија. Досега се евакуирани повеќе од 82.000 Авганистанци, а во изминатите 24 часа околу 19.000 луѓе биле евакуирани со американските воени летови. Неколку држави засилено работат да евакуираат се повеќе луѓе до 31 август. Таков е случајот и со Германија.
„Авионскиот превоз е воспоставен од понеделникот минатата недела. Тоа е најголемата операција за евакуација во историјата на војската. Повеќе од 4.600 луѓе досега беа пренесени од Авганистан од германските сили и донесени на безбедно. Германски државјани, Авганистанци, луѓе од околу 45 нации. Речиси од половина кои беа пренесени се жени“.
Меркел, исто така порача дека Авганистан може да стане жариште на тероризмот откако НАТО ќе ги повлече своите војници од земјата и затоа апелираше Меѓународната заедница да одржува дијалог со талибанците доколку сака да ги заштити подобрувањата во Авганистан постигнати во изминатите две децении од распоредувањето на НАТО. Таа рече дека во изминатите две децении – 70 отсто од Авганистанците добиле пристап до вода за пиење, наспроти 20 отсто пред една деценија, а девет од десет луѓе имале струја, наспроти само двајца од 10 во 2011 година.
Igor Stefanovski