ВЕСТИЗДРАВСТВО

Августовската жештина го прегреа и телефонот во Брзата помош

Повиците за брза помош не престануваат. Изминатава недела биле извршени над 360 интервенции. Од сообраќајни несреќи, трауматски повреди, колапси и интервенции поради висок крвен притисок се најбројните здравствени проблеми периодов. Од Брзата помош објаснуваат дека е нормално ваквото покачување на температурата да се одрази на крвниот притисок, апелираат да се води сметка за здравјето.

Advertisements

Од Брзата помош ги повикуваат граѓаните да соработуваат со лекарите и да се јавуваат на бројот 194 само во навистина итни случаи.

Бидејќи работат со ограничен капацитет, од Брзата помош бараат од граѓаните да одговорат на прашањата што ги поставува лекарот, бидејќи мора да знае за каков пациент станува збор и колку е итен случајот за да се испрати тим.

Ајнур Бафќари

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button