ВЕСТИСВЕТ

Авион удри во мечка! Нема повредени патници

Авион боинг 737-700, на авиокомпанијата „Алјаска ерлајнс“, при слетување удрил во мечка која што се нашла на пистата, соопшти администрацијата на аеродромот Јакутат на југоистокот на Алјаска. Како што информирале од компанијата, авионот претрпел одредени оштетувања на левиот мотор, но во инцидентот нема повредени патници.

Advertisements

„Предното тркало ја промашило мечката, но пилотот почувствувал удар на левата страна од леталото“, навеле од „Алјаска ерлајнс“.

Во извештајот се додава дека слетувањето се случувало ноќе, а покрај настраданата мечка на пистата имала уште една, помала, којашто е неповредена.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button