СВЕТ

(Видео) Авион се срушил на автопат во Калифорнија и се запалил

Авион се срушил на автопат во Калифорнија и се запалил

Мал авион слетал на автопат во Калифорнија во вторникот, удрил во камион полн со луѓе и се запалил, а во несреќата нема повредени, пишуваат медиумите.

Авионот се срушил на автопатот во округот Риверсајд во близина на авенијата Линколн нешто по 12:30 часот, а несреќата била снимена на видео, пренесува „New York Post“.

Пилотот и еден патник во авионот успеале безбедно да излезат од авионот, а трите лица во камионот не се повредени.

Имено, пилотот рекол дека морал принудно да слета на автопатот откако му откажал моторот додека се движел кон аеродромот.

„Среќа што сообраќајот беше слаб и што пилотот безбедно слета. Избегната е голема трагедија“, изјавил капетанот Леви Милер од патролата на автопатот во Калифорнија./Makfax

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button