
Авионот на компанијата „Норвешка“ со 170 патници при слетувањето во Молде, Норвешка, ја прелетал пистата и застанал на само неколку метри од морето.
„Немаше паника. Имаше мала тензија кога ни рекоа да се евакуираме, да го оставиме багажот и да излеземе од авионот што е можно побрзо“, изјавил еден од патниците.
Во инцидентот нема повредени, пишува британски „Мирор“.