ВЕСТИМАКЕДОНИЈА
Австрија: „Билатералните и историските прашања мора да бидат одделени од ЕУ процесот“

Како многу држави-членки на ЕУ, така и Австрија бара Бугарија да го дигне ветото за Македонија и отворените прашања да се решаваат надвор од процесот на пристапни преговори. Шефот на австриската дипломатија, Александар Шаленберг нагласи дека земјава ги исполнила сите услови за започнување на овој процес.
„Многу сме разочарани што не успеавме да започнеме преговори со Северна Македонија и Албанија оваа година. Од наша перспектива, билатералните и историските прашања мора да бидат одделени од процесот на ЕУ. Процесот на проширување е процес на европеизација, а не процес на билатерализација и ние мора да го задржиме на тој начин.“
Alsat