
Во Австрија, неповолната епидемиолошка состојба, со повеќе од 3.500 новоинфицирани со коронавирус во текот на вчерашниот ден, веќе ја доведе во неволја првата болница.
Исполнети се капацитетите на одделот за интензивна нега и тие повеќе не можат да примаат нови пациенти.
Клиниките во Виена и Долна Австрија се најпогодени, а во Тирол има сѐ помалку места.
Официјалните лица, и покрај овие бројки, се обидуваат да дадат смирувачки изјави дека сè уште има доволно слободни кревети, но, според весникот „Естереих“, има само 637 „интензивни“ кревети.