ВЕСТИЕКОНОМИЈАМАКЕДОНИЈА

Австрискиот амбасадор бара да не се гласа за законот за игри на среќа

Австрискиот амбасадор во земјава Георг Вуцас реагира на предлог-законот за игри на среќа. Тој побара од пратениците да не го разгледуваат предложеното решение поради неуставност. Според него, новиот Закон не треба да има ректроактивно дејство и го нарушува принципот на слобода на пазарот и претприемништво. Амбасадорот побара пратениците во собраниската Комисија за надворешна политика да не го разгледуваат предлог-законот поради ненадлежност, а воедно го оспори и користењето на ЕУ-знаменцето, односно тоа што е внесен во Собранието по скратена постапка.

Advertisements

Засега нема коментар од првиот човек на собраниската Комисија, Арбер Адеми како ќе се постапува.

Инаку, предлог-законот за игри на среќа, чиј подносител е Владата, предвидува казината и обложувалниците да не бидат на растојание помало од 500 метри до училишта, а се зголемува и надоместокот за издавање лиценци за игри на среќа. Од Асоцијацијата на обложувалници претходно побараа Законот да не се воведува и предупредија дека илјадници лица ќе останат без работа.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button