ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Австрискиот министер за европски и меѓународни работи Линхарт во посета на Скопје

Министерот за надворешни работи Бујар Османи денеска ќе биде домаќин на сојузниот министер за европски и меѓународни работи на Австрија Михаил Линхарт. Во фокус на разговорите, како што соопшти МНР, се очекува да бидат севкупните билатерални политички и економско-трговски односи, како и за македонската европска интеграција, со акцент врз претстојниот декемвриски Самит на Европската унија. Покрај средбата со Османи, Линхарт ќе се сретне и со политичкиот државен врв, меѓу кои со претседателот Стево Пендаровски, премиерот Зоран Заев и првиот заменик премиер Артан Груби.

Advertisements
Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button