СВЕТ

Австрискиот министер за надворешни работи Александар Шаленберг ја презема функцијата канцелар

Австрискиот министер за надворешни работи Александар Шаленберг денеска положи заклетва како привремен канцелар на земјата.

Advertisements

Австрискиот претседател Александар Ван дер Белен изјави дека функцијата му ја доверува на членот со најдолг стаж на федералната влада, објави јавниот сервис ОРФ.

Шаленберг привремено ја презема функцијата канцелар откако Карл Нехамер од Австриската народна партија поднесе оставка по неуспехот на преговорите за формирање владина коалиција меѓу неговата партија и Социјалдемократската партија на Австрија и Новиот австриски и либерален форум (НЕОС).

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button