ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Автобус изгоре на патот Охрид – Кичево

Доцна синоќа автобус се запали на патот Охрид – Кичево, кај селото Извор. Повредени нема бидејќи за време на несреќата во него немало патници, информираат од Регионалниот центарот за управување со кризи (РЦУК) – Охрид.

Advertisements

Од Авто-мото сојузот на Македонија (АМСМ) информираа дека на местото сообраќајот бил во целосен прекин и во двата правци речиси половина час, а сега се одвива по една коловозна лента наизменично.

Според информации од СВР Охрид, автобусот бил на „Галеб“ – Охрид, а возачот навреме забележал дека автобусот почнува да гори и го напуштил возилото.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button