ВЕСТИСВЕТ

Автобус удрил во група луѓе во Кина – најмалку 11 загинати, од кои пет се деца

Најмалку 11 лица загинале, од кои петмина учениици, откако училишен автобус удрил во група луѓе во кинеската провинција Шандонг, јавуваат тамошните државни медиуми, пренесува Би-би-си.

Во инцидентот се повредени уште неколку лица, чиј прецизен број не се наведува, но според извештаите едно се наоѓа во критична состојба. Според првичните информации, автобусот удрил во ученици и нивни родители додека стоеле пред влезот на училиште во градот Таиан.

Advertisements

Кинеските државни медиуми, според Би-би-си, објавуваат дека возачот изгубил контрола над возилата и удрил во нив. Тој бил веднаш приведен, а полицијата ги истражува причините за инцидентот. Засега останува нејасно дали возачот намерно удрил во учениците и нивните родители.

„Досега загинаа вкупно 11 лица загинаа, од кои шест родители и пет ученици“, соопштиле кинеските државни медиуми.

Од повредените, како што се наведува, дванаесет се во стабилна состојба.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button