ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Автобусите на ЈСП ќе возат до 9 часот, вонредната седница на Град Скопје во 11 часот

Јавен превоз денеска граѓаните ќе имаат до 9 часот, а потоа автобусите на Јавното сообраќајно претпријатие ќе се повлечат до очекување на одлуката за седницата на Советот на Град Скопје за исплата на декемвриската плата и на субвенциите од 11 милиони евра за претпријатието. Редовно ќе сообраќаат само комбињата за превоз на лица со посебни потреби и автобусите кои вршат организиран превоз за ученици за кои ЈСП има договор со училиштата и општините.

Advertisements

Претседателот на Синдикатот на ЈСП Миќо Стојановски, појаснува дека со тоа ќе им се излезе во пресрет на учениците да стигнат до училиштата, со оглед дека почнува второ полугодие и на вработените да стигнат до своите работни места.

„Ќе се вклучат 270 автобуси на ЈСП на сите линии и ќе сообраќаат до 9 часот, а потоа се враќаат во двете авто – бази и ќе останат се додека не се донесе одлука на седницата на Советот на Град Скопје за субвенциите од 11 милиони евра за претпријатието. Доколку парите легнат уште денеска на сметката на ЈСП, истиот ден ќе биде возобновен превозот“, изјави Стојановски за МИА.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button