ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Автобусите на ЈСП нема да возат ако нема плата, Арсовска очекува одговорност од Советот на Град Скопје

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, изјави дека очекува одговорност од Советот на Град Скопје, во врска со најавата за прекин на работа на Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП) Скопје, поради неисплатената декемвриска плата.

Advertisements

Арсовска рече дека сите одлуки кои што се однесувале на редовното функционирање, поврзани со буџетот на Град Скопје, биле доставени до Советот.

„Оние одлуки што беа за редовното функционирање поврзани со буџетот на Град Скопје, уредно ги доставив до Советот и претседателот, дури свикав и една итна седница, која што тој одлучи со своето дискреционо право, точките кои беа најважни за претпријатијата на Град Скопје, да ги отстрани од дневниот ред. Како што можете да видите побаравме нова вонредна седница, истата се уште не е свикана до овој ден. Јас се надевам дека прво одговорност ќе имаат со функцијата што ја имаат, доколку сакаат свесно да ги уништат претпријатијата, одговорноста е нивна, ние од наша страна се што сме можеле сме направиле“, рече Арсовска.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button