ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Автобусите на ЈСП „Скопје“ утре ќе возат по неделен возен ред

Автобусите на Јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“, утре, на денот на изборите, ќе возат по неделен возен ред, информираат од претпријатието.

Граѓаните кои ќе имаат потреба во текот на утрешниот ден да ги надополнат картичките за јавен превоз, тоа ќе можат да го направат само на билетарницата кај Транспортен центар и во таа во Ѓорче Петров. Овие билетарници ќе работат од 7 до 14 часот.

Oд ЈСП „Скопје“ информираат дека во текот на утрешниот ден жичницата на Водно нема да работи.
Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button