ВЕСТИМАКЕДОНИЈА
Автомобил се удри во ѕид на булевар „Гоце Делчев“ и предизвика сообраќаен метеж
Автомобил се удри во ѕид на булевар „Гоце Делчев“ и предизвика сообраќаен метеж

Сообраќајна несреќа во која возило марка „бе-ем-ве“ удрило во заштитниот ѕид на булеварот „Гоце Делчев“ под надвозникот во близина на плоштадот „Скендербег“ предизвика метеж во овој дел од градот.
Дел од очевидците кои ги затекнавме на местото на несреќата велат дека возилото најверојатно прво изгубило контрола и се качило на пешачката патека над булеварот, по што повторно се излизгало и паднало на коловозот.
На пешачката патека што води од плоштадот „Скендербег“ кон мостот „Гоце Делчев“ може да се забележат траги од гуми, а во тој дел има и остатоци од возилото.