ВЕСТИЕКОНОМИЈА

Автопати, наместо со пари од ЕУ, ќе се трошат народни пари

За инфраструктурни проекти не треба да се поставуваат за координатори политичари или структури од разни интересни групи. Ова е една од констатациите на Институтот за демократија „Социетас цивилис“ според кој, секогаш има промашени проекти кога во нив носот ќе го пикнат политичари. За коридорите 8 и 10-д зборуваше првиот човек на овој институт, Марко Трошановски. Според него, политички експонент без никакво искуство за патната инфраструктура, стана координатор за изградба на најскапиот автопат во историјата на државата, односно Артан Груби. Сомневањата за корупција се подгреваат и со информацијата дека претходно Македонија се повлекла од планот автопатите да бидат финансирани од европските фондови и наместо тоа, било одлучено тие да се градат со наши пари.

Advertisements

Уште не започнат, проектот започна со скандали. Конзорциумот „Бехтел-Енка“ инсистирал договорот да остане таен. Не се објавува дали е веќе проектиран првиот сегмент, ниту дали се извршени некои мерења, барем на локацијата каде што на 22 април беше најавено дека ќе почнат работите.

Имено, градежните работи требаше да започнат со сегментот Тетово-Гостивар во должина од 17,5 километри и со период на реализација за 33 месеци. Потоа би следувале Гостивар-Букојчани – 30,3 km, со период на реализација од 57 месеци; па Требениште-Струга-Ќафасан со 21,7 km со рок за изградба од 49 месеци. Ниту за коридорот 10-д не се знае кога ќе започне сегментот Прилеп-Битола долг 39,3 километри со периодот на реализација за 57 месеци. Секој километар автопат ќе чини речиси 15 милиони евра.

Ако по утрото денот се познава, тогаш прашање е дали до 22 јануари 2028 година овие автопати воопшто ќе бидат целосно ќе завршени. Проектот се планира да чини најмалку 1,3 милијарди евра без пресметана експропријација на земјиштето каде што ќе минуваат делниците, а за што се очекуваат дополнителни уште 300 милиони евра. Дополнителни 22 милиони ќе добие компанијата ИРД за надзор. Динамиката на работите се планира на 23 километри секоја година. За 57 месеци за 110 километри автопати би се издвоиле пари од 5 буџети и се очекува да биде меѓу најскапите вакви проекти во регионот.

Аднан Ќаили

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button