ВЕСТИЕКОНОМИЈАМАКЕДОНИЈА

Автопатот Кичево – Охрид можеби ќе „изеде“ над 600 милиони евра

Сè поизвесно станува дека 57 километри долгиот автопат Охрид – Кичево, кој се гради веќе осум години, ќе ја надмине сумата од речиси 600 милиони евра. Министерот за транспорт и врски, Бочварски, не негира дека до тоа може да дојде, но засега не сака да потврди.

Advertisements

„Не би сакал да прејудицирам сега во овој момент бидејќи гледате какви се трендовите во светот и со покачувањата на цените. Имаме активни договори со изведувачите и тие договори треба секој да ги почитува. За мене најважно е да продолжат активно со градба…“, рече Бочварски.

Бочварски тврди дека повеќе од 65% од автопатот бил изграден, но оти актуелно има застој поради зимата.

„…Сега останува простор на оперативата, изведувачите, механизацијата да излезат на терен и оваа градежна сезона да завршиме најголем дел од автопатот“, додаде Бочварски.

Бочварски и во мај минатата година при посетата на една од локациите на автопатот рече дека пари се обезбедени и оти на теренот треба да се работи. Тој и денес повтори дека очекува до крајот на 2023 година автопатот целосно да биде пуштен во употреба. Охрид-Кичево почна да се гради во 2014 година. Првично требаше да биде готов до 2018 година, потоа рокот се помести до јуни 2021 година, па крајот на 2023-та. Требаше да чини 378 милиони евра, но сумата стана двојно повисока.

Мики Трајковски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button