ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Автопатот Скопје – Блаце „ни на небо, ни на земја“

Властите и понатаму продолжуваат да го повторуваат повеќедецениското ветување за изградба на автопатот Скопје-Блаце, но и понатаму не се прецизира краен рок. Вицепремиерот Артан Груби, по средбата со вицепремиерката на Косово, Албулена Балај Халимај изјави дека интензивно се работело за автопатот да биде завршен до крајот на мандатот на Владата.

Advertisements

„Имаме и национални, државни и интереси со соседите за изградба на овој автопат и ценам дека во рамките на мандатот ќе ја пресечеме лента на автопатот.“

Запрашана за случајот „Дива Населба“ односно дали косовските власти остануваат на позицијата да бараат меѓународна истрага, вицепремиерката Халимај не сакаше да одговори. Вели – денеска се зборувало за други прашања.

„Очекуваме дека сè што се случило и ќе се случи во иднина ќе биде разјаснето. Ние сме тука за нешто друго. Верувам дека оваа тема што ја покренавте е исто така во интерес на двете земји, но ние ќе разговараме за ова прашање на друг состанок или на друг датум. Тоа е многу важно за нашите граѓани, но ние секако сме заинтересирани за сè што се случи.“

Властите во земјава ветија и меѓународна истрага за кумановските настани, но досега не се преземени никакви чекори во оваа насока. Во Куманово на 9 и 10 мај 2015 година животот го загубија 8 полицајци и 10 припадници на вооружената група.

Mefail ISmaili

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button