ЕКОНОМИЈАСВЕТ

Азербејџан ќе го зголеми извозот на гас во Европа за 30 проценти

Азербејџан ќе го зголеми извозот на гас во Европа оваа година за 30 отсто, бидејќи ЕУ се обидува да ја намали зависноста од рускиот енергенс поради инвазијата на Кремљ врз Украина.

Advertisements

Азербејџанскиот министер за енергетика Парвиз Шахбазов рече дека во текот на осумте месеци од оваа година Баку „испорача на Европа 7,3 милијарди кубни метри природен гас“.

„Вкупниот обем на испораки на (гас) во Европа во 2022 година ќе изнесува 12 милијарди кубни метри“, што претставува зголемување од 31 отсто во споредба со 2021 година, рече тој во објавата на Твитер.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button