ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Азески: Да слушаше Владата, Македонија ќе беше економски попросперитетна

Азески: Да слушаше Владата, Македонија ќе беше економски попросперитетна

„Да слушаше владата, Македонија ќе беше многу економски поразвиена земја отколку што е досега. Ова го изјави првиот човек на Стопанската комора на средбата со првиот човек на СДСМ Димитар Ковачевски. Стопанската комора го вперува прстот кон политичарите кои според бизнисмените не направиле доволно за развој на економијата.

Шефот на СДСМ, Димитар Ковачевски вети дека просечната плата ќе достигне рекорден износ од 1.100 евра, додека минималната плата ќе биде 37.000 денари или 600 евра. Тој рече дека на средбата на социјалдемократите со лидерот на Стопанската комора разговарале за нови можности за економски развој и зајакнување на приватниот сектор. СДСМ во новата изборна програма ветува повисок животен стандард, плата и европска пензија. Од оваа партија велат дека во 2028 година минималната пензија ќе биде 20.000 денари, додека просечната пензија ќе биде 500 евра.

Стопанската комора излезе со предлози за економски развој во наредните десет години. Се бара намалување на администрацијата преку мораториумот на нови вработувања, намалување на бројот на државните институции кој веќе достигна речиси 1400, преку кратење на непродуктивните трошоци./Алсат.мк

Аднан Ќаили

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button