
Доста е од констатации, ќе одиме со конкретни предлози со кои треба да се постигне национален консензус за извозот, порача денеска претседателот Националниот совет за извоз и на Стопанската комора на Северна Македонија Бранко Азески.
Тој денеска ја посети компанијата „Џонсон Мети“ во ТИРЗ-Скопје 1, што беше прва активност на Националниот совет, новоформираното тело во чии редови се претставници на владини институции и приватниот сектор.
-Само пет проценти од македонските компании извезуваат. Тоа е поразителна бројка, рече Азески, истакнувајќи дека промената на оваа состојба е првата и основна задача на Националниот совет за извоз.